МОЕТО ИСКУСТВО СО КЛИРИНГ И “DIJADA’
Со клиринг методот се запознав во клучен период на мојот живот. Период кога ми се чинеше дека во мојот живот се’ е безсмислено, момент кога не знаев како и зошто би одела понатаму. Не знаев како да се справам со предизвиците во тој период, како да им помогнам на моите деца во пубертет, како да излеземе од финасиската криза во која западнавме, како да се справам со многу фрустрации кои патем ги насобрав, и што е најважно како одново да се најдам себе си, како одново да бидам ЈАС, бидејќи по патот на прилагодување и угодување на другите се изгубив себе. Веќе не знаев која сум. После долги години функционирање за другите , одлучив ЈАС да бидам ЈАС, автентична таква каква што сум , а не како што очекуваат другите. Донесов одлука да се справам со предизвиците тековни и идни и да бидам победник. Одлучив да си дадам нешто на себе и за себе.
Како одговор на мојата одлука се појави Учителот и Клиринг студиите. Се сретнав со мојот тренер и клирер Десимир Д. Ивановиќ , и школата за личен развој “Дијада”.
Мудрите луѓе велат “кога ученикот е спремен , учителот се појавува”. За мене Клиринг студиите беа како враќање дома, враќање кон мојата суштина.
Така почна мојата целосна трансформација, почна запознавањето со самата себе, зпознавањето со мојот внатрешен свет, спријателувањето со вистинската јас, спријателувањето со детето во мене, со ќерката во мене , со мајката во мене, сестрата во мене, со сите тие “јас” кои ме сочинуваа мене , моето вистинско ЈАС.
Ми помогна да ја пронајдам смислата и целисходноста на мојот живот, да ја пронајдам одново радоста и заљубеноста, да го подобрам квалитетот на моето живеење , да ја осознаам мојата животна мисија, односно да сватам дека во различни периоди од животот имаме различна животна мисија и да ги остварам истате во зависност од животениот период. Ми помогна за целосна интеграција на умот, духот, емоциите и телото.
Со еден збор ми помогна да сватам дека слободата и среќата доаѓа од внатре, и зависат само од мене. Ми помогна да ЖИВЕАМ со големо Ж .
Уште при самиот почеток знаев дека ова е нешто со што сакам професионално да се бавам. На почеток почнав да го имплеметирам наученото во секојдневниот живот, на работното место, Благодарејќи на тоа во својата професија навистина достигнав завидни резултати, резултати различни од другите.
Подоцна почнав да работам со луѓе на кои им беше потребна помош, учествував во групи за подршка како дел од тимот ентузијасти, учествував во организацијата на работилниците кои почнаа да се одржуваат во Скопје со г. Десимир Д. Ивановиќ, како негов асистент. Во поново време почнав професионално да се бавам со клиринг и коучинг.
Клирингот и Коучингот се примеливи, и пожелни во секоја професија , за сите луѓе , за сите општествени структури, буквално за секого, како дел од личниот развиток, трнинг на способности и вештини, подобрување на комуникациските способности и др.,
Матоска Христинка, деи
Сертифициран клирер и коуч
Студент од втората генерација ОД ШКОЛАТА ЗА КЛИРИНГ “DIJADA”, од Р.Македонија