ИНТУИЦИЈА
Патот на развојот кон внатрешната мудрост
(Како да ги активирате и зајакнете своите интуитивни способности)
Скопје 30.11 – 01.12. 2013 година, 10.00 – 18.00 часот
Интуицијата претставува спознавање и разбирање на реалноста од еден друг аспект, тоа е видикот на разумското и интелектуалното согледување. Вообичаено се појавува непосредно, во облик на увид, директно разбирање, спознавање; кога во еден момент успеваме да ја согледаме целината и сите нејзини делови, тогаш ја спознаваме суштината на нештата или на некоја ситуација.
Некои луѓе интуицијата ја вбројуваат во паранормална активност, други пак сметаат дека таа е тесно поврзана со нашето тело и органските сензации. Не е исклучена и можноста дека е во допир и се испреплетува со различните сфери на човечкото битисување.
Сите луѓе се раѓаат со природен потенцијал да располагаат со оваа способност, меѓутоа кај повеќето таа останува неразбудена и многу ретко ја користат во нивниот секојдневен живот. Интуицијата е само еден од нашите потенцијали и сетила за перцепција, коишто со денешниот начин на живот, исполнет претежно со ментална преокупираност, е потиснат и со тоа исфрлен од употреба.
Целта на оваа работилница е: да им биде понудена прилика на моите ученици, коишто со помош на практични вежби, проверени методи и алатки, ќе се истренираат себеси и ќе научат како да ги верифицираат и почесто да ги користат интуитивните способности. Сите погоренабројани работи ќе Ви овозможат со поголема мудрост да минувате низ животните искуства, а воедно ќе Ви подарат поисполет и побогат живот.
Повелете на ова прекрасно патување!